Напаѓачот на Лестер Сити, Џејми Варди се искачи на првото место на листата на стрелци во англискиот шампионат. Синоќа, Варди постигна „хет-трик“ во натпреварот против Саутемптон, кој го добија „лисиците“ со 9-0.

Триесет и две-годишниот напаѓач веќе има 9 погодоци, еден повеќе од Тами Абрахам (Челзи) и Серхио Агуеро (Манчестер Сити).

Статистичките податоци покажуваат дека успехот на Лестер е најголемата гостинска победа во историјата на англиското првенство. За 131 година, ниту еден тим не успеал да постигне девет голови во мрежата надомаќинот на тој натпревар.

Топ 10 стрелци во ПЛ:

1. Џејми Варди (Лестер Сити) – 9 гола 2. Тами Абрахам (Челзи) – 8 3. Серхио Агуеро (Манчестер Сити) – 8 4. Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал) – 7 5. Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) – 6 6. Темеу Пуки (Норвич Сити) – 6 7. Садио Мане (Ливерпул) – 5 8. Калум Вилсон (Борнмут) – 5 9. Хари Кејн (Тотенхем) – 5 10. Бернардо Силва (Манчестер Сити) – 4



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 12:36