Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Тодор Чангов 41“, чија реконструкција е во завршна фаза. Станува збор за санација на улицата во должина од 450 метри, која по повеќе од 10 година е целосно реконструирана.

Го продолжуваме континуитетот на реконструкција, санација и рехабилитација на улиците на целата територија на Општина Аеродром. Инвестираме во нова инфраструктура и ја подобруваме веќе постојната во сите делови на општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 14:34