Четири кози, кокошки и препелици, како и сандаци со пчели изгореле во пожар што зафатил штала во скопско Катланово, соопшти МВР.
З.А.(57) од село Катланово вчера во Полициското одделение Петровец пријавил дека околу 08.00 часот утрото избувнал пожар во неговата штала. Со пожарот била зафатена и неговата викенд куќа.
Во 10.20 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а З.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.