Шампионот и лидер во Италијанското фудбалско првенство, тимот на Јувентус, попладнево во 9. коло одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Лече.

Гостите кои на овој дуел важеа за апсолутни фаворити поведоа со голот на Пауло Дибала од пенал во 50. минута, изедначи Марко Манкосу по само шест минути.

Јувентус остана на првата позиција со 23 собрани бода, но со можност да биде симант од лидерската позиција доколку Интер вечерва забележи победа на домашен терен против Парма.

Лече има осум бода и се наоѓа на 16. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 21:51