Раководството на Реал Мадрид е подготвено на Манчетсер јунајтед, да му понуди паричен надоместок и напаѓачот Герет Бејл во замена за играчот од средниот ред, Пол Погба.

Во таборот на премиерлигашот се подготвени да ја разгледаат оваа опција, бидејќи оваа сезона доживуваат проблеми со ефикасноста. Изминатото лето, Реал Мадрид веќе се обидуваше да го добие Погба, но Манчестер јунајтед бараше 180 милиони евра за предвремен прекин на соработката со Французинот.

Оваа сезона Бејл одигра 11 натпревар, постигна четири гола и забележа две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2019 21:52