Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го коментираше рекордот што го запиша при победата над Унион Берлин (2:1).

Полскиот стрелец стана првиот играч во историјата на Бундеслигата, кој реализирал гол во првите девет кола во сезоната. Вкупно, неговата серија на голови е на 13 последователни натпревари на сите турнири.

– Јас се обидувам да го покажам најдоброто што можам, да ја покажам својата најдобра игра. Драго ми е што победивме. Сакам да му помогнам на тимот со своите голови, мојата игра, моето движење. Секако, задоволен сум од рекордот, но јас сум фокусиран на мојата игра и тренинзите. На крајот на сезоната, можам да размислам малку повеќе за тоа, рече Роберт Левандовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2019 13:38