ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 314 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 21.10. до 27.10.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 134 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 180 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.