ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведува едукација на учениците од скопските основни и средни училишта како правилно да ги употребуваат новите садови за отпад.

Откако Претпријатието започна со поставување на новонабавените контејнери со зафатнина од 3,2м3, се забележа потреба за дополнително информирање и упатување на граѓаните на кој начин правилно се употребуваат овие садови, со цел да за спречи нивното оштетување и да се овозможи непречено собирање и транспорт на комуналниот отпад.

Во таа насока, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираше ваков тип на едукација во ООУ „Димитар Миладинов“, каде што учениците научија на кој начин се отвораат новите контејнери, за каков вид на отпад се наменети, како и за важноста на примарната селекција на комуналниот отпад. Претпријатието и во претстојниот период ќе продолжи со едукација на најмладите сограѓани за правилна употреба на новите садови за отпад.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 12:09