Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 29.10.2019 година, поради завршно асфалтирање на ул. Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќка, и тоа на потегот од ул. Востаничка до влезната капија на МВР. Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 15:05