Управата на фудбалскиот клуб Партизан е задоволна од продажбата на билети за дуелот од Лига Европа против Манчестер јунајтед, при што оствари приход од 1,1 милиони евра.

Секако кога ќе се одбијат трошоците, заработката ќе помала од милион, но сепак ќе биде околу 900.000 евра, што е повеќе од задоволителна за белградските „црно-бели“. Стадионот беше исполнет до последно место, а бидејќи клубот продаваше само блок билети за двата домашни меча, може да се очекуваат полни трибини и на средбата со Астана.

Партизан неодамна играше со Црвена ѕвезда и заработката им беше четирипати помала во споредба со средбата со „црвените ѓаволи“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 21:03