Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, би можел да си замине од турскиот тим уште во јануари, најавуваат некои англиски медиуми.

Германскиот голман во Бешикташ игра како позајмен од Ливерпул, но двегодишната позајмица може да заврши порано, бидејќи истанбулските „црно-бели“, не се задоволни од него и не ги оправдува очекувањата.

Кариус е познат по двете големи грешки во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога бранеше за Ливерпул против Реал Мадрид. Тој продолжи да прави грешки и во Бешикташ, па изгледа предвреме ќе си замине. Кај „црвените“ нема да се врати бидејќи имаат двајца добри голмани како Алисон Бекер и Адријан, па веројатно Кариус ќе чека да го позајмат на друго место.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2019 21:04