Министерот за економија Крешник Бектеши и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј денеска ќе потпишат Меморандум за соработка за поддршка на имплементацијата на проектот „Зајакнување на регулаторната рамка и јавните политики за јавно-приватно партнерство и концесии во Северна Македонија“.

Проектот ќе биде реализиран со грант од 750.000 долари, доделен од Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, а ќе го спроведува Светска банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 10:50