Преку примена на процесот на партиципативно буџетирање, општините имаат можност да ја зголемат транспарентоноста, да го подобрат квалитетот на имплементираните проекти, како и да ја зголемат свесноста кај граѓаните дека тие треба да учествуваат во овојт процес, истакна денеска извршната директорка на „Фајнас Тинк“, Благица Петреска на регионалниот форум „Општините и граѓаните заедно кон подобар буџет“.
Таа нагласи дека целта на форумот е да се поттикне процесот на партиципативно буџетирање, со што при изготвување на буџетите на општините би биле вклучени сите засегнати страни, граѓаните, бизнис секторот, НВО и месните организации, кои треба да дадат свои предлози се со цел општините да изготват еден буџет којшто ќе биде во интерес на граѓаните.
– Фајнанс Тинк – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје заедно со мрежата ФИСКАСТ веќе две и пол години го импламентира овој процес во соработка со 11 општини. Како пилот овој процес го започнавме во општините Ѓорче Петров, Кавадарци, Крушево и Крива Паланка и резултатите покажаа дека речиси половина од дадените предлози на граѓаните беа имплементирани во буџетите на општините за 2019 година. Една од пораките е да ги поттикенеме и останатите општини да се приклучат на овој процес затоа што сепак има подобрување на нивните квалитети на општините, наведе Петреска.
Министерот за локална самоуправа Горан Милески потенцираше дека целта на Министерството не е да ја децентрализира државата и да ја сконцентрира целокупната моќ во градоначалниците, туку да се даде поголемо значење на локалните совети и на урбаните или месните заедници.
– Мора да ги мотивираме граѓаните да се вклучат во овие форуми. Поголем интерес има кај старите лица, а многу помал кај младите за да се проекетира буџетот за наредните години. Доколку граѓаните учествуваат во креирањето на така лимитираниот буџет ќе можеме тие средства многу порационално да ги искористиме за основните потреби на граѓаните, изјави Милески.