Повеќе од половина година, граѓаните на Карпош преку мобилната апликација „мЗаедница“ пријавуваат проблеми, даваат предлози, сугестии и иницијативи со кои треба да се унапреди квалитетот на животот во локалната самоуправа.. Оваа интерактивна апликација е достапна за уредите на IOS и Android, а „мЗаедница“ ја доби и Европската награда за млади во категоријата „Активно граѓанство како дигитално решение со влијание врз општеството“.

Во рамки на Деновите на Општина Карпош, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев му додели признание на Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“, кои во Карпош препознаа партнер и ја имплементираа оваа мобилна апликација.

Богоев со претставниците од „Блинк 42 – 21“, Зорица Велковска и Милан Танчески, разговараше за дополнително унапредување на оваа апликација и нејзино прилагодување кон потребите на заеднициата и информатичката технологија.

Се дискутираше и за поголема соработка во доменот на правилно и паметно користење на технологијата. Примарната цел е овие дигитални алатки да овозможат подобри услуги за граѓаните, детектирање на проблеми и креирање на системски решенија.

Претставниците од „Блинк 42 – 21’ ќе учествуваат на доделувањето на Европската награда за млади, за „мЗаедница“, од 27 – ми ноември до 1 – ви декември, во Грац, Австрија.

Сите граѓани на Карпош можат да ја симнат мобилната апликација од следните линкови: App Store: https://apple.co/2SbERqJ; Google Play: https://goo.gl/Y9qhpE



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 13:57