Граѓанската иницијатива О2 на својот фејсбук профил реагираше за зголеменото загадување на воздухот кое е забележано во Скопје, Тетово, Куманово, Битола овие денови.

Тие во својата објава истакнуваат дека системот во Македонија не функционира и јавно го прашаа градоначалникот на Скопје што се направи во последните две години за подобрување на ситуацијата.

Во продолжение, интегрален текст од фејсбук објавата на О2 иницијативата:

- 🔺 Дневните температурите се уште високи, но влезени сме во сезона кога ни часовните измерени вредности за PM10 не се под 50 μg/m3, а тие за PM2.5 не се под 25 μg/m3 во Скопскиот регион.

👉 Само за потсетување, за PM10 дозволени се 35 дена во годината над 50 μg/m3, а според СЗО годишниот просек не смее да е над 20 μg/m3. За PM2.5 според СЗО дневниот дозволен максимален лимит е 25 μg/m3, а годишно е дозволено само до 10 μg/m3.

🔻 Скопје гледано од Водно е постојано во кафеава измаглица, со постојани чадови, од бели до црни и сите нијанси измеѓу, кои се шират низ градов и го обвиткуваат. Живееме во отровна зона. Сликите кои кружат по социјалните мрежи се слики од постојано палење, за потоа да следи известување дека пожарна го изгаснала огнот, а инспекцијата не фатила никого или немале легитимација.

⛔️ До кога пост-фестум само ќе се КОНСТАТИРААТ нештата? А во меѓувреме, отпадот фрлен на несоодветни мести, зошто единствено соодветно се контејнерите низ градов и Дрисла, ѓубрето запалено и тоа ПОСТОЈАНО на едни те ИСТИ локации, токсични чадови дишеме преку цела година.

Град Скопје Инспекторат на град Скопје и општините во Скопје со своите нефункционални инспекции, СИСТЕМОТ НЕ ФУНКЦИОНИРА. Наместо да ги оградевте овие хронични жаришта, да поставевте дежурна служба 24/7, со камери и да нема ни фрлање на отпад, ни негово палење, нам секојдневно со месеци, години истото ни се случува. Излегува дека со непреземање на мерки кои ќе го РЕШАТ проблемот, а не перпетуираат како во случајов, состојбава ваква каква што е, од Визбегово/Шутка, Вардариште, кај Лепенец, Сарај и др. локации, се сака да се остави непроменета, иако законски е недозволена.

⁉️ Петре Шилегов градоначалник на Скопје, главен на координативното тело на градоначалници во Скопје, претседател на ЗЕЛС, за две години што направи да стави крај на црните точки во Скопскиот регион? Со ѓубрето се постапува како да ја немаме Дрисла, а терминот управување со отпад како да не постои. На терен, наместо стандарди, владее систем на фрли си на истите места, па после запали си, и никој крив. Тоа е систем на управување со отпад кој се спроведува под будното око на сите 10+1 градоначалници во градов. ДО КОГА?!!, стои во коментарот на граѓанската иницијатива О2.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 17:51