Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.П.(32) од Охрид и против правното лице „ЗОРПАЛЧЕ“ ДООЕЛ Охрид.
При извршен инспекциски надзор било утврдено дека во текот на 2019 година, пријавениот, во својство на одговорно лице во правното лице, зазел туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот во општа употреба и на катастарска парцела во охридското село Коњско, бесправно и спротивно на договорот за краткотраен закуп, изградил времен објект и поставил урбана опрема.