Бразилскиот фудбалер Винисиус не е повикан за утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Леганес од шпанското првенство.

Наместо да биде на терен, Винисиус средбата ќе ја гледа од трибините. Тренерот Зинедин Зидан процени дека нема потреба од Винисиус. Освен младиот Бразилец, во тимот на Реал ќе ги нема и Герет Бејл кој има повреда и замина во Лондон, Хамес Родригес кој стана татко и доби дозвола да замине во родната Колумбија.

Добри вести за Реал се враќањата на Модриќ, Крос и Лукас Васкез, а меѓу отпишаните се и Одриозола, Брахим Дијаз и Маријано, како и повредените Начо и Асенсио.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2019 21:43