На денот кога Велика Британија требаше да ја напушти Европската унија, и Борис Џонсон и Џереми Корбин ја почнаа кампањата за предвремените парламентрарни избори во земјата
Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин кампањата денеска ја почна со ветување дека ќе работи на менување на политичкиот систем што им е од корист на привилегираните, а кои, според него, се привилегирана елита на затајувачи на даноци, милијардери и лоши работодавачи, јавуваат британските медиуми.
И Џонсон и Корбин имаат дијаметрално спротивни визии за тоа како треба да изгледа петтата по сила економија во светот.
-Изборите се можност што само еднаш се укажува во генерацијата да ја отфрлиме корумпираната елита која прифитира на работата на експлоатираните работници, ја лаже јавноста и ја загадува човековата околина, порача Корбин во остриот напад врз западниот капиталистички систем.
„Овие избори се единствена прилика за генрацијата да ја промени земјата“, рече 70-годишниот Корбин во пораката што ја објави неговата Лабуристичка партија
Тој предложи национализација на железницата, поштата и водостопанската служба, како и многу поголеми даноци за банкарите кои Лондон го направија истакната светска финансиска престолнина.
Кампањата за изборите во Велика Британија е прва која ќе се оддржи во декември и ќе биде една од најтешките. Брегзит ги измори, но и разбесни избирачите и ја нагриза нивната лојалност кон двете главни политички партии.
Во пет години во земјата се оддржаа два историски референдума, за независноста на Шкотска во 2014 година и за излезот на Велика Британија од ЕУ во 2016 година, потоа парламентарните избори во 2015 и 2017 година и сите тие излегувања на гласачите дадоа неочекувани резултати и предизвикаа кризи, наведуваат британските медиуми.
Премиерот Џонсон, кој не успеа во планот земјата да ја изведе од ЕУ до 31 октомври, овие избори ги гледа како шанса конечно и да го спроведе Брегзит, па затоа се верува дека во кампањата ќе го обвинува Корбин дека ја загрозува иднината на Обединетото кралство.
Тој тврди дека планот на лабуристите за одржување втор референдум за Брегзит, како и можната подготвеност на лабуристите за поддршка на нов рефрендум за независност на Шкотска, е пат што води кон распад на Велика Британија.
Во својата кампања Џонсон ќе инсистира на тоа Брегзит да се спроведе за земјата да може да се фокусира на вложувања во јавната служба.