На 03.11.2019 во 00,40 часот извршена била контрола во угостителски објект во Тетово и поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела бил приведен сопственикот на угостителскиот објект Ј.С.(52) од с.Голема Речица.
Во локалот била пронајдена бела прашкаста материја, а во СВР Тетово биле приведени Ш.С.(31), Г.М.(23) и 17 годишна малолетничка сите од Косово, како и Т.Ф.(18) и К.С.(21) двајцата од Р.Албанија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во Гостивар пак во времето од 00,30 до 03,30 часот била извршена акциска контрола во пет угостителски објекти за откривање на малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време и кои конзумираат алкохол.
Во контролата откриени се 13 малолетници. Исто така во акциската контрола биле приведени А.Ш.(26) и О.П.(27) од Р.Албанија и С.С.(25), М.Ј.(29) и А.Ф.(25) од Р.Србија поради нерегулиран престој во РСМ.