Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Карпош С.М.(20) од Скопје пријавил дека на бул. „Партизански одреди“ кај кружниот тек во близина на Порта Влае, по претходна расправија околу предност во сообраќајот, бил физички нападнат од неколку лица кои биле со друго возило.

Се работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 00:49