На 03.11.2019 во 01,15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на булеварот “АСНОМ“, бил приведен А.Ш.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.11.2019 во 01,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, од подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Б.А.(25) и А.Н.(27), двајцата од с.Арачиново-скопско затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.11.2019 во 22,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во централното градско подрачје го лишиле од слобода Д.К.(36) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.11.2019 во 19,45 часот во Гостивар на улицата “Живко Брајковски“ полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.Ф.(23) и Ш.Љ.(23) двајцата од Гостивар затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.
На 02.11.2019 во 12,25 часот во Гостивар на улицата “Гоце Делчев“ полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода З.С.(23) и 16 годишник, двајцата од Гостивар затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(20) и М.С.(24), двајцата од село Ракитец, Конче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.02.2019 пред казино во Радовиш, при преземени дејствија од полициски службеници за легитимирање и преглед на лица, пријавените се дале во бегство, при што првопријавениот фрлил ќеса со марихуана и пиштол во речното корито. По преземени мерки биле пронајдени од полициските службеници, а и кај второпријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Х.Р.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 4 февруари 2019 година при извршен преглед на лица и возила од страна на полициски службеници, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.Ч.(33) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 27 август 2019 во17.40 часот во Гостивар на ул.„Никола Парапунов“, при извршен преглед над пријавениот, од страна на полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера во 15:30 часот во Полициската станица Карпош С.М.(20) од Скопје пријавил дека на бул. „Партизански одреди“ кај кружниот тек во близина на Порта Влае, по претходна расправија околу предност во сообраќајот, бил физички нападнат од неколку лица кои биле со друго возило. Се работи на расчистување на случајот.
Ноќеска 10 минути по полноќ било пријавено дека на улицата „Благоја Стевковски“ пред угостителски објект по претходна меѓусебна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Г.С.(37), Г.Т.(33) и Б.К.(38) сите од Скопје. Сочинети записници за констатирани прекршоци по чл.11 и чл.6 од ЗППЈРМ.
Вчера во 22:15 часот М.С.(41) од Скопје пријавил дека на улицата „Париска комуна“ по претходно недоразбирање и расправија неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 20:35 часот М.Ѓ.(37) од Скопје пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 11:30 часот било пријавено дека во Струмица на Кванташкиот пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р., Х.Р., В.Р., И.Р. и Г.В. сите од село Баница. Се работи на расчистување на случајот.
Утринава во 3:25 часот Ф.П.(29) од Гевгелија пријавил дека бил физички нападнат во дискотека во Гевгелија од Б.А. и О.Н. Се работи на расчистување на случајот.
Утринава во 3 часот В.И.(39) од село Свидовица пријавил дека истиот ден околу 2:30 часот во угостителски објект во село Сарај-струмичко додека бил заедно со неговиот пријател Б.Б.(61) од Струмица биле физички нападнати од О.Н. од с.Просеников и В.Н. од с.Еднокуќево. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 23 часот С.С.(42) од с.Голема Речица пријавила дека истиот ден околу 22,30 часот во Тетово на улицата “Благоја Тоска“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од малолетници. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 9:45 часот во СВР Скопје Р.П. пријавил дека во Бунарџик, на главната капија за царинење со товарно моторно возило „сканија“ со штипски регистарски ознаки дошол К.Б.(61) с.Кадино-скопско и по кратка вербална расправија со вработените се качил во возилото и го стартувал, при што му нанел повреда на Н.И.(37) од Скопје, на кој му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.