Најважната состојка на морковите е каротинот што во 100 грама го има пет пати повеќе од дневната потреба на возрасен човек. Покрај каротинот, морковите содржат витамин Е, помалку витамин Ц и витамините Б1, Б2 и Б6.

Од минералите, најмногу има калиум и калциум, потоа фосфор, магнезиум и железо. Калциумот од морковите лесно се апсорбира, што е важно како превентива против остеопорозата.

Во суштина, бета каротенот ја подобрува природната заштита на кожата од УВ зрачењето. Во секој случај, морковите немаат несакани дејства, па може да се консумираат секојдневно за подобро здравје на кожата.

Во народната медицина познато е благотворното дејство на морковите: една чаша сок од моркови побрзо и полесно ги отстранува симптомите на ждригавицата од содата бикарбона. Особено се благотворни наутро, пред појадок, со малку мед и лимонов сок.

Морковите се добро познати како универзален зеленчук за сокови. Многу луѓе во светот утврдиле дека, ако вклучуваат сок од моркови во секојдневната диета, нивното општо здравствена состојба се подобрува значително. Едно општо погрешно сфаќање, е дека сокот од моркови има горчлив вкус.

Всушност, морковите имаат многу сладок вкус и се мешаат одлично со останатите овошни сокови, особено сок од јаболко. Се добива вкусен хранлив пијалок за сите членови на семејството, кој треба да биде важен дел од прехранбениот режим, особено во случаи на заболување.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 02:41