Британските пратеници денеска избираат нов претседател на Парламентот.

Во првиот круг од гласањето беа елиминирани двајца кандидати.

Линдзи Хојл, кој моментално е заменик спикер на Парламентот, победи на првата рунда гласање освојувајќи 211 од 562 гласови.

Во игра се и Елеонор Линг, која исто така е заменик претседател на Собранието и пратеникот на Лабуристите Крис Брајант.

Кој и да биде избран, на функцијата веројатно ќе биде само еден ден пред утрешното распуштање на Собранието поради предвремените избори закажани за 12 декември.

По 10 години на функцијата претседател на Собранието, Џон Беркоу во септември најави дека ќе поднесе оставка.

Беркоу, познат по гласниот извик „Мир, мир!“, оваа позната фраза ја изговори дури 14.000 пати, обидувајќи се да ги смири гласните пратеници.

Неговите заслуги за модернизација на Парламентот ги пофалија и премиерот Борис Џонсон, но и лидерот на лабуристите Џереми Корбин. Тој на пратениците им дозволуваше доволно слобода за од членовите на Владата да бараат одговорност и донесуваше контроверзни процедурални одлуки во клучните фази од Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 21:04