Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Шангај разговараше со лидерката на Хонг Конг Кери Лам за актуелната ситуација во Хонг Конг, каде со месеци се одржуваат антивладини протести.

Си и кажал на Кери Лам дека кинеската Влада има целосна доверба во неа и во целост ја почитува нејзината и работата на нејзиниот тим, јави агенцијата Ксинхуа.

Лам во Шангај учествува на Вториот меѓународен трговски саем Eкспо.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2019 21:06