Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против М.Ш.(43) од Скопје и Ј.К.(41) од Неготино.
На 24.04.2019 во с.Копришница, демиркаписко, на место викано „Селиште“, полициски службеници при извршен претрес во викенд куќа во сопственост на второпријавениот, пронашле и одземале рачна „шок“ бомба и 62 маневарски куршуми, калибар 7,62×39мм, за кои истиот изјавил дека му биле оставени на чување од првопријавениот.
По преземени мерки било утврдено дека првопријавениот, вработен во МВР како ракувач со материјални средства и опрема, противправно ги присвоил горенаведените предмети.