Ненајавениот состанок на претседателот на Кина, Си Џинпинг со лидерката на Хонг Конг, Кери Лам претставува „знак на доверба“ во способноста на нејзината Влада да се справи со петмесечните антивладини протести во полуавтономната кинеска област, изјави денеска генералниот секретар на Владата на Хонг Конг, Метју Чонг.

И кинеската новинска агенција Синхуа јави дека Си изразил уверување дека Лам ќе ја стабилизира ситуацијата, откако таа го информира за актуелната криза.

Синхуа исто така наведе дека Си барал одлучни напори за ставање крај на насилствата и казнување на сторителите во согласност со законот, со цел повторно воспоставување на ред во Хонг Конг.

Си се сретна со Лам на маргините на Вториот меѓународен трговски саем ЕКСПО во Шангај, во момент кога властите во Пекинг испраќаат сигнали дека треба да се зголеми притисокот за задушување на протестите во Хонг Конг.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 12:20