Властите во германскиот главен град Берлин им забранија на уличните глумци да се сликаат во униформи на американски војници со туристи за пари.

Тие обично се движат кај точката каде што се наоѓал „Чарли“ – преминот меѓу источниот и западниот дел од градот за време на Студената војна. 3а тука и важи забраната.

На групата наречена „Фабрика на танцот“, им е одземена дозволата поради тоа што од туристите барале пари за сликање. Уметниците пак, изјавија дека тие прифаќаат само доброволни прилози за фотографиите.

Многумина берлинчани се против овој вид перформанси во американски униформи, како и против прдавањето лажни советски воени шапки на Црвената армија, гас-маски и делови од Берлинскиот ѕид.

Одлуката за забрана е донесена воочи одбележувањето на три децении од уривањето на Сидот. Тој бил изграден за да спречи жители на Источна Германија да пребегнуваат на Запад, а контролниот пункт „Чарли“ бил единствениот официјален премин за туристите и сојузничките војници. Ѕидот го делеше Берлин на источен и западен дел од 1961. до 1989 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 12:59