Во деветте месеци од 2019 тетовската полиција открила вкупно 134 дела од областа на недозволена трговија со дрога. При тоа одземени се околу 38 килограми марихуана, како и хероин, кокаин и екстази, амфетамини, мешавина од марихуана и тутун, семки од „канабис сатива” и мешавина која се користи за количинско зголемување на наркотичните средства.

-На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово од вкупно 134 дела откриени и пријавени се 54 кривични дела од областа на недозволена трговија со наркотични дроги во тетовско и 80 во гостиварско. Биле инволвирани 139 лица што претставува речиси двојно повеќе во споредба со истиот период лани кога имало 74. Од 139 луѓе од тетовско се 53, а о гостиварско 86, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Откриените кривични дела во овој период заокружени се со 125 кривични пријави (за тетовско 49 и гостиварско -76), од кои најголемиој број -116 се однесуваат на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и 18 дела „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2019 16:31