Денеска (05.11.2019) околу 12 часот, на регионалниот пат Тетово-Брвеница, со наредба од Казнено-поправната установа „Идризово“, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Џ.Д.(50) од Тетово, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „убиство“.
Џ.Д. е спроведен во КПУ„Идризово“ на доиздржување на затворската казна, од каде претходно избегал.