Во полициската станица во Кичево вчера околу 18 часот било пријавено дека во месноста „Кошарани“ бил пронајден починат И. С. (63) од Кичево. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Исто така вчера околу 17:00 часот во полициската станица Кичево било пријавено дека во кругот на Општата болница во Кичево, Т. Т. (54) од Кичево го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување. Тој, во болницата бил донесен со возило на Итна медицинска помош од улицата „Солунска“ каде бил забележан во алкохолизирана состојба. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.