Пет лица од Куба вчера пред битолското село Кременица биле приведени поради тоа што илегално ја преминале државната граница и од Грција влегле во државава.
Како што соопшти МВР, вчера во 07:30 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“, пред селото Кременица ги привеле Г.М.А.(44), П.Х.Ј.(26), Х.П.Л.(55), Д.А.Ј.(37) и С.Л.И.(24).
Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.