Албански државјанин вчера на граничниот премин „Долно Блаце“ е лишен од слобода откако при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 11:10 часот на граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Ф.К.(44) од Република Албанија.
Ф.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.