На 10.11.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.