Едно лице загина, а едно е повредено во сообарќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово, откако патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т. (66) од Прилеп, излетало од патот.
Како што соопшти МВР, во сообраќајката, што се случила во 16.40 часот, на местото на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот М.Т. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.