СВР-Штип расчисти серија кражби извршени во патнички моторни возила, аптеки и продавници. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека тројца сторители од кои и еден малолетник се фатени на лице место, додека извршувале тешка кражба од автомобил.

-Лицата биле лишни од слобода и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Во истиот период расчистени се и пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во патнички моторни возила, продавници и аптека на подрачјето на Полициската станица Штип, извршени од страна на овие сторители и уште еден малолетник, при што биле одземени повеќе производи и предмети, вели Панајотова.

Таа додава дека расчистено е „разбојништво“ извршено на 5 ноември на Градскиот пазар во Штип над 83- годишна жена од страна на малолетен сторител, кој физички ја нападнал жената, а потоа и ја одзел чантата.

И ова лице е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Дел од украдените предмети се одземени од сторителите и вратени на оштетените граѓани.

Во текот на вчерашниот ден регистрирана е и повреда на 36 годишен работник во фабрика во Пробиштип, а случајот е пријавен од страна на Итната медицинска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2019 20:26