На 13.11.2019 во Полициска станица Кичево од страна на Центарот за социјални работи во Кичево било пријавено дека А.А.(46) од с.Зајас, кичевско, извршил обид за обљуба на малолетничка, со чија мајка живеел во вонбрачна заедница.
Во координација со Јавен обвинител, стои во соопштението од МВР, А.А. е лишен од слобода.