Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово.

Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот.

-Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ кај спортската сала. Бараката е целосно изгорена, а при тоа е најдено безживотно изгорено машко тело. Увид на местото направиле претставници на Јавното обвинителство, СВР Тетово и Судска Медицина. По наредба на обвнителот телото е предадено за обдукција и идентификација во Институтот за судска медицина во Скопје, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2019 11:52