Двајца кавадарчани биле лишени од слобода поради тепачка, информацијата за МИА ја потврдија од МВР.
-Рано утрово во 2:30 часот пред угостителски објект на плоштад „Маршал Тито“ во Кавадарци, постапувајќи по пријава за претходно настаната физичка пресметка, во Полициската станица Кавадарци биле лишени од слобода П.М.(20) и Ф.К.(18) и двајцата од Кавадарци, појаснија оттаму.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.