Вкупно 12 мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени во четвртокот вечер, во комбе на автопатот Куманово – Табановце и приведени од полицијата.

Како што соопшти МВР, на 14 ноември во 21.20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник“ било забележано товарното моторно возило „комби“, без регистарски ознаки.

-По преземени активности од полициски службеници од Полициска станица Сопот, возилото било престигнато, а од слобода биле лишени 12 лица мигранти, и тоа седум од Авганистан и пет од Пакистан, наведуваат од МВР.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2019 16:48