На 15.11.2019 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на училиште на ул.„Петре Георгиев“, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од една страна и други двајца малолетници од друга страна, сите од Скопје, при што едниот малолетник физички го нападнал и И.А.(28) од Скопје, кој се обидел да ги раздели.
Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.