Поради постоење основи на сомнение дека сториле казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.П.(24) од Кичево, како и против Ф.А.(28) и И.А.(24), двајцата од селото Зајас.
Осомничените мината сабота околу 22,50 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, агресивно се однесувале кон полициските службеници кои сакале да извршат контрола врз патнички автомобил марка „БМВ“ без регистерски таблички.