НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и, неодамна и кибер-просторот, велат извори во седиштето на Алијансата во Брисел.

– Вселената е клучна за одбраната на Алијансата и за одвраќањето, за рано предупредување и за навигација, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел, пред овој потег да биде потврден од 29 земји-членки.

Околу половина од 2.000 сателити во орбитата на Земјата им припаѓаат на членките на Алијансата, потсети Столтенберг. Тој напомена дека „НАТО нема намера да постави оружје во вселената“.

Американската амбасадорка во НАТО, Бејли Хачинсон смета дека нападите врз сателити на земји членки може да се сметаат за провокација на што треба да се одговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:15