Четири лица се здобиле со полесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 11 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не носење сигурносен појас и осум возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 52 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:19