Чилеанската полиција забрани широка употреба на ласерско оружје со кое беа повредени илјадници луѓе за време на протестите во таа земја, а повеќе од 200 претрпеа сериозни повреди на око.

Директорот на полицијата, Марио Росас, рече дека таквото оружје ќе се користи само во екстремни случаи, каде што животите на цивилите или полицијата би биле загрозени.

Росас претходно беше критикуван за употреба на сила против демонстрантите.

Масовни демонстрации траат 33 дена во Чиле поради економска и социјална нееднаквост.

Групите за човекови права објавија повеќе извештаи за лица повредени од куршуми со ласерско оружје.

Во Чиле има претставници на Амнести Интернешнл, ОН, Меѓуамериканската комисија за човекови права и на ХРВ кои ја испитуваат употребата на сила од страна на полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2019 10:32