Кривична пријава е поднесена против Ф.Ф: (44) поранешен в.д. директор на АД Водостопанство, подружница Кумановско-липковско поле кој се сомничи за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“.

Кривична пријава е поднесена и против С.Ѓ. (63) поранешна раководителка на одржување и С.Л. (36) раковоодител на секторот за финансии и администрација поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

Во текот на 2015 година, без претходно донесена одлука од Одборот на корисници на вода, спровеле постапка за јавна набавка на резервни делови неопходни за одржување на Хидро-мелиоративен систем во вредност од 20.000 евра, за што Ф.Ф. донел одлука за јавна набавка за која обезбедиле средства во висина од 900.000 денари.

Постапката за јавна набавка ја спровела С.Ѓ., како претседател на комисијата за јавни набавки, иако немала сертификат за водење на јавни набавки. Од избраниот најповолен понудувач во два наврати набавиле резервни делови во вкупен износ од 309.377 денари, кои со испратница биле доставени до Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, а кои воопшто не влегле во магацинот. С.Ѓ., како раководител на одржување на ХМС изготвила две приемници со невистинита содржина дека наводно резервните делови се примени во магацинот, а С.Л. ги прокнижил приемниците и изготвил две испратници со невистинита содржина.

Иако немале вработено магационер, С.Ѓ. во графата внела лажен потпис, односно фалсификувала потпис на еден вработен во двете испратници, дека наводно ги задолжил овие резервни делови.

На овој начин го оштетиле Водостопанство „Кумановско – липковско поле“ во вкупен износ од 309.377 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2019 14:32