Раководството на Вест Хем ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за работата на тренерот Мануел Пелегрини. Управата на клубот е незадоволна од резултатите на тимот оваа сезона, пренесува „Телеграф“.

Иако не се зборува за отказ на чилеанскиот фудбалски стручњак, сепак клубот може да ја разгледа оваа можност ако играта на тимот не се подобри.

После 13 кола во Премиер лигата, клубот е на 16. место со само 13 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 10:57