Иран смета дека САД немаат право да се мешаат во нуклеарниот договор, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно објави дека Вашингтон нуклеарниот објект Фордо повторно ќе го стави на списокот за санкции.

Иранскиот дипломат повтори дека Техеран ја продолжува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

На почетокот на ноември, Иран по четврти пат одби да го исполни обврските од нуклеарниот договор и започна со употреба на центрифугите за збогатување ураниум во Фордо. Според условите на нуклеарниот договор, комплексот во Натанз требаше да биде единствениот објект за такви цели.

Неисполнувањето на голем број услови вклучени во Заедничкиот сеопфатен план за акција за иранската нуклеарна програма, влијаеше на залихите на збогатен ураниум и тешка вода. Иран за 300 килограми ги надмина максимум дозволените резерви на нискозбогатен ураниум. Техеран потоа најави дека ќе збогатува ураниумот во количината што е неопходна за земјата, и во моментов изнесува 4,5 проценти, а во нуклеарниот договор се дозволени 3,67 отсто.

На почетокот на септември, Иран по третпат одби да ги исполни своите обврски од договорот и најави дека почнуваат со работа неколку центрифуги за збогатување ураниум и оти нема да наметне ограничувања за нуклеарните истражувања.

Во меѓувреме, Техеран и МААЕ се договорија за четири проекти од областа на нуклеарната енергетика во вредност од еден милион американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 12:01