Во атарот на Богданци вчера бил пронајден човечки череп, коска и делови од облека, соопштија СВР Струмица.

Пронаоѓањето на делови од човечко тело било пријавено во Полицисиската станица Гевгелија, а според полицијата пронајдената облека соодветствувала со таа што ја носел М.И. (61) од Богданци, кој неодамна се оддалечил од својот дом и имал нарушено здравје.

Увид извршила екипа на Полициска станица Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител пронајдените делови од телото се предадено на вештачење.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 19:33