Марио Балотели уште еднаш стана предмет на расистички напади, овој пат од претседателот на неговиот клуб Бреша.

– Што можам да кажам за Балотели? Тој е црн и се обидува да стане побел, но тоа не е лесно, рече шефот на Бреша, Масимо Селино, со што се вмеша во нов расистички скандал во Италија.

Подоцна, клубот излезе со изјава дека зборовите на Селино биле погрешно протолкувани и тој само користел игра на зборови, за да направи шега. Селино го користи зборот „неро“, што, покрај црн, значи и мрачен, тажен.

– Ако правите скандали од сите глупости што ги кажувам, нема да постигнете. Проблемот е што вие новинарите се чудите за што да пишувате, рече Селино пред АНСА.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2019 22:47