Фејсбук има програма која ги препознава луѓето на основа на црти на лицето и го насочува корисникот на профилот на тоа лице. Апликацијата не е достапна за јавноста, а според „Форбс“, ја користат само вработени во компанијата.

Податоците говорат дека е доволно само на секунда камерата да се сврти кон личноста и на екранот веднаш ќе се појават нејзиното име, презиме на профилот и профилната слика од Фејсбук. Тоа, според многумина, е сериозно нарушување на приватноста.

Компанијата ја негира незаконската употреба на оваа апликација. Од Фејсбук посочуваат дека почнале да ја развиваат програмата во 2015. и 2016 година и ја тестирале, пред сè, на вработените во компанијата и нивни пријатели, но не и на други луѓе.

Според други извори пак, корисници забележуваат дека кога некој друг ќе објави слика од некого, тие самите добиваат известување и понуда да се означат себеси на туѓата објава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2019 13:13